По Белгија и Холандија, се чини дека уште една земја во Европа, има намера да стави крај на сезоната, односно да не  ги доигра останатите осум кола. Како што пренесуваат медиумите во Британија, Шкотска ќе стави крај на првенството, едноставно големи се проблемите со коронавирусот, големи проблемите се со немањето финансиски средства, па затоа не се гледа начин како тоа би продолжило. Ова значи дека Селтик ќе биде прогласен за шампион и ќе ја продолжи својата низа на титули. Од ваквите најави секако дека најмногу ќе биде погоден тимот на Глазгов Ренџерс, кој се надеваше дека ќе може до крајот да го стигне својот вечен ривал.

Инаку ова доаѓа по најавата од УЕФА дека ако во некоја земја нема можности да се доигра првенството, тогаш Европската куќа на фудбалот нема да инсиситира по секоја цена тоа да продолжи. Дека остава на тамошната Федерација да се снајде, односно може да прогласи шампион, а патниците во европските купови за следната сезона според моменталната табела.