Еден од кандидатите за претседател на бразилскиот Васко де Гама, Луиз Роберто Левен ги откри плановите со овој тим. Во секоја кампања, па така и оваа ветувањата од страна на кандидатите се нереални.

Тој на фановите на клубот им вети дека ќе донесе три големи ѕвезди.

„Преговараме со големи играчи, сакаме да создадеме силен тим. Балотели и Ибрахимовиќ имаат ист агент, но признавам дека Ибра може да биде тврд орев. Во игра е Џовинко. Ги сакаме сите, сакаме да имаме компетативен тим. Кога ќе дојде еден, ќе дојде и другиот“, изјави Луис Роберто Левен.

Сиано е познат како добар соработник со Мина Раиола, па неговите ветување можеби и не се без темел.