Еден од најпопуларните возачи во Мото ГП на сите времиња, Валентино Роси, изјави дека не сака да ја заврши кариерата во моменти кога нема трки и планира да се натпреварува во Мото ГП шампионатот и следната година.

Роси наполни 41 година во февруари, но смета дека има уште многу да понуди во мото спортот, па затоа би сакал да се натпреварува се уште.

„Јас сум мотивиран да продолжам да се натпреварувам. Сепак, ситуацијата не е лесна. Поради епидемијата нема да можеме да возиме до втората половина на годината. Ќе ми бидат потребни пет или шест трки за да видам на што сум, но планирам да продолжам и следната година“, вели популарниот „Доктор“.

Деветкратниот светски шампион би можел да го загуби своето место во Јамаха за следната сезона, но би возел за друг тим.