Златан Ибрахимовиќ е ЗАКОН. И покрај Ковид-19, и покрај забраните за играње натпревари, тој е посилен од вирусот. Шведскиот супер-стар, синоќа одигра пријателска за Хамарби, и тоа со „специјална дозвола“, и не само што одигра туку постигна и гол. Ривал на Хамарби му беше некој си аматерски клуб, а Златан се покажа во вистинско светло. 

“Многу сум благодарен што ми беше дозволено да тренирам со Хамарби, еве и да играм пријателски натпревар. Познато е дека во Италија и речиси цела Европа не може да се тренира, и морате да бидете цели време во својот дом. Овде е поинаку“ изјави Златан по мечот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=4d0I0SqmyrE&feature=emb_title