ЕХФ пресече и официјално го потврди она што беше најавувано. На фајнл-фор завршницата оваа сезона во Лигата на шампионите во која Вардар е бранител на титулата ќе ги видиме ПСЖ, Барселона, Веспрем и Кил.

За многумина оваа одлука е крајно разочарувачка, во текот на изминатите месеци, но и во минатото, дека во Келн не победува секогаш најзвучниот тим. ЕХФ не им даде шанса на тимови на терен да се изборат за Ф4, ниту пак на македонскиот првак до крај да ја брани титулата.

Реакциите на стивнуваат, во јавноста се огласи и Роланд Миклер, голманот на Пик Сегед, тимот против кого Вардар требаше да се сретне во осминафиналето.

„Ова е срамна одлука, на момент помислив дека станува збор за априлска шега. Сето ова требаше да биде организирано поинаку, тимовите требаше да се изборат за место на фајнл-фор завршницата со битка на теренот, нешто за што играат цела сезона.

Убаво е да се видат двете првопласирани екипи во Ф4, но дали тоа е правилно? Ова е срамна одлука“, изјави Миклер.