Мото ГП одложи уште една трка на неодредено време заради пандемијата на коронавирусот, соопштија официјални лица од шампионатот.

Трката во Финска закажана за викендот 10-12 јули, нема да биде одржана. Новиот датум сè уште не е познат.

Гран При трката во Финска е 11-тата Мото ГП трка од годинешниот календар која е одложена. Претходно, истото се случи со трките во Тајланд, САД, Аргентина, Шпанија (две трки), Франција, Италија, Германија, Катар и Холандија.