Голманот Кепа Аризабалага веројатно ќе мора да остане во Челзи и следната сезона. Според англискиот печат, 25-годишниот Шпанец беше на излезна врата од „Стемфорд Бриџ“, но пандемијата и финансискиот крах на клубовите сериозно ја намаи неговата трансферна цена, па „сините“ немаат намера да го пуштат да си замине за „џабе“.

Порталот „Трансфермаркт“ процени дека моменталната вредност на младиот голман е околу 32 милиони евра, иако тој претходно стана најскапиот голман во историјата на „сините“. Шпанецот одигра 33 натпревари за Челзи во сезоната 2019/2.

Во февруари, Франк Лампард го остави Кепа на клупата на пет последователни натпревари, по што се појавија вести за конфликт меѓу двајцата, но потоа тој се врати на голот и имаше одлични настапи.