Одбојкарската федерација на Македонија засега не размислува да донесе одлука за прекин на првенството. Челниците по препорака на ЦЕВ ќе чекаат подобри денови за доигрување на натпреварите во сениорските лиги во машка и женска конкуренција.

Со оглед на тоа дека Вонредната состојба завршува на 15. мај, сите се надеваат дека ќе има услови за мини-подготовки, а потоа на почетокот на јуни да продолжи сезоната, најави генералниот секретар на ОФМ, Зоран Кастратовиќ.

Во зависност од препораките на Владата на нашата земја ќе се крои и системот на натпреварување. Засега постои идеја да биде скратен, поточно најдобрите четири екипи од машка и женска конкуренција да се борат за титулата.