Пандемијата коронавирус не само што го „замрзна“ спортот, туку направи вистински финансиски хаос во клубовите. Загубите се големи, познати европски имиња почнаа да размислуваат на згаснување, допрва ќе се почувствуваат последиците.

За ФФМ-ТВ, генералните секретари на КФСМ, ФФМ, РФМ и ОФМ го дадоа своето мислење за моменталната ситуација, како и големината на последиците од истата.

  • „Очекувам голема криза. Сите знаеме дека спортот нема да биде ист, колку и да кажеме дека почна да функционира оној ваучер систем, 90% од тимовите го користеа и беше главен извор, сега ќе биде поинаку.  Средствата ќе бидат многу намалени, фирмите претрпуваат големи загуби, не знам колку ќе имаат добивка за да им дадат средства на клубовите. Никој не размислуваше дека животот ќе прекине. Секоја активност која ќе се превземем понатаму ќе биде со претпазливост. Очекувам дел од средствата на Општините наменети за спортот, сега ќе бидат пренасочени кон пребродување на кризата“, изјави Георгиевски, генерален секретат на КФСМ.

 

  • „Дури во септември-октомври ќе ги видиме дел од клубовите на здрави нозе, факт е дека дел од клубовите добиваат помош од Општините, и тие ќе бидат помали. Мора да се најде начин да им се помогне на клубовите да застанат на прави нозе“, рече Милошевски, генерален секретар на РФМ.

 

  • „Време за рестартирање. Ќе биде тешко, цел спорт е на грб на државата или на локалните самоуправи. Јас имам предлог, салите да се дадат бесплатно на прволигашките екипи. Поради пандемијата ќе пропаднат многу клубови, нема да пропадне Јунајтед, туку тимови од Италија… Нашата држава е презатворен систем за да некој да даде поддршка во спортот. Сите средства што ќе ги добиеме, мора даги потрошиме најрационално за да дочекаме подобри времиња“, Карановиќ, генералниот секретар на ОФМ. 

 

  • „Треба да поставиме нови цели, компаниите само ќе дојдат, ќе мора малку повеќе да се испотиме. Мора добро да ги размислиме сите активност, ако чекаме септември ќе биде доцна. Големите натпреварувањата се презакажани за следната година. Постојат големи предизвици, не чека жешко лето“, рече Филип Поповски од ФФМ.