Најголемата ѕвезда во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо изрази подготвеност да остане во клубот уште две сезони, пренесува „Тутопорт“.

Ова значи дека Португалецот ќе го реализира неговиот договор, кој истекува во летото 2022 година до самиот крај. Тогаш Роналдо ќе има полни 37 години и прашање е дали ќе ја продолжи кариерата во друг клуб.

Со ова како да паѓаат во вода гласините дека Роналдо сака да ја промени средината и да замине во некој од останатите европски гиганти. Се појавија шпекулации дека тој е во контакт со ПСЖ.

Напаѓачот се уште е во Португалија, чекајќи информации за можен датум за продолжување на тренинзите во Серија А.