Уште еден наш репрезентативец има причини за радост, во миговите кога на фудбалски план нема многу. Аријан Адеми денеска стана татко на син кој ќе се вика Адриан.

„Нашиот капитен доби принова во фамилијата. На мајката Андреа и на таткото Аријан од срце им го честитаме малото момче Адриан! Ви посакуваме многу убави родителски моменти“, стои на официјалниот профил на „Фејсбук“ на Динамо Загреб.

Инаку во македонската репрезентација ова е трето дете за кратко време. Претходно принови добија и Стефан Спировски и Ѓоко Зајков.