За разлика од некои други директори на клубови, посебно за некои од нашите најголеми, големо браво за Пеце Коруновски, директорот на ФК Пелистер. Во време на пандемијата со коронавирусот, Коруновски дел од своето време, се разбира кога не е полициски час, го користи за да одработи и физичка работа. А тоа е поправање на теренот под “Тумбе Кафе“.

На својот ФБ профил, Коруновски напиша…

“Работно …(санирам грешки на други лица)“.

Веројатно мислеше на луѓето кои се задолжени за теренот, но и да мислел на нив, или на некој друг, нема врска. Важно е што Пеце за својот  Пелистер знае и физички да одработи…