Диего Марадона можеби е еден од најдобрите фудбалери во историјата, меѓутоа не најлош како личност, така го опиша славниот аргентински фудбалер поранешниот фудбалски судија Едгардо Кодесал за уругвајскиот интернет портал „Тирандо Паредес“.

Кодесал беше судијата што го водеше финалето на СП 1990 година во Рим помеѓу Западна Германија и Аргентина кое го добија Германците со 1:0.

Можев да го исклучам уште пред да почне натпреварот затоа што не се однесуваше пристојно за време на интонирањето на химните. Подоцна кога решив да го исклучам Монзон, Марадона ми пријде и ме нарече крадец и ѓубре“, изјави мексиканскиот судија.

Го гледав Марадона како прави извонредни нешта на теренот и исто така видов како се бори и покрај агресивни стартови на противничките играчи. Го ценам како фудбалер, тој можеби е еден од најдобрите во историјата, но е како личност е многу непријатен и можеби најлошиот луѓе што сум ги сретнал во животот“, додаде Кодесал.

Аргентина го заврши тој меч со девет фудбалери поради исклучувањата на Монзон (65 минута) и Децоти (во 87 минута), а го загуби финалето со голот на Андреас Бреме од пенал во 85 минута.