*Ваквата иницијатива е почната од пред неколку дена. Некои клубови од Втората лига во земјава бараат прекин на првенството!

*Една прва лига со 16 клубови. Од елитата да нема испаѓање а трите првопласирани од двете втори лиги да влезат во Првата лига!

СПОРТМЕДИА стигна до пишаниот документ од иницијативата која ја покренуваат неколку второлигашки екипи од земјава. Пишаниот документ е веќе испратен до сите 20 клубови кои во текот на идната недела треба да се произнесат околу ставовите и предлогот кој треба да се достави до ФФМ.

Се бара ИТЕН ПРЕКИН НА ШАМПИОНАТОТ!!! Причината за ваквиот став клубовите го гледаат во вонредната состојба во земјава, проблемите со финансии и проблемите со старт на тренинзите и довршување на првенството.

Но, она што зачудува, и што е нереално и далеку од остварливо е предлогот кој стои покрај иницијативата за прекин. Се бара од следната година Првата лига да брои 16 клубови. Од елитата да нема испаѓање, а првопласираните 3 екипи од Запад (Пелистер, Скопје, Лабуништа) и Исток (Беласица, Брегалница, Тиквеш), да изборат пласман во најдобрата лига во земјава. Двете втори лиги исто така би се прошириле на по 12 клубови и би се играло по трокружен систем.

Можно ли е ова!? Прва лига со 16 екипи во Македонија!? Тоа е далеку од нереален сон затоа што и со 10 клубови елитата има проблеми со егзистенција на неколку екипи но пак од друга страна има во голема мера чесно и интересно првенство без шеми, дилеми и мафија (како во некои други времиња).

Она што го дознаваме е тоа дека иницијативата ја покренуваат екипи кои се борат за опстанок во Втората лига. Секоја иницијатива треба да се образложи но од она што може да го прочитаме од оваа најновата слободно може да се констатира дека е нефудбалска.

Во време кога УЕФА и ФФМ се борат да го рестартираат фудбалот и кога се бараат решенија да продолжат првенствата ние ќе се „давиме„ со нереални и аматерски иницијативи.

Како прво! Поднесувачите на иницијативата треба да знаат! Во самиот допис нагласиле дека се аматерски екипи а по сие критериуми во Европа, аматерските лиги престануваат без да се испаѓа од лигата и без да се оди ранг погоре. Со 16 одиграни натпревари не се исполнуваат услови за да се прогласи шампионатот завршен и да се прогласат победници, екипи кои е испаднат или ќе одат ранг погоре. Некој нешто сакал но со овој допис направил „самоубиство„.

Рано е за прекин, но никако не е време да уништиме добра Прва лига од 10 екипи со некорисна и штетна лига од 16 клубови! Како пример! Пред неколку години за да се спасат големите центри и екипите со традиција се создадоа две Втори лиги. Тоа не вроди со плод. Големите екипи останаа со старите проблеми – немаат финансии!!!

Во прилог на сето ова текстот од Иницијативата која ја покренуваат некои второлигаш и нивни „експерти“ кои зад сето ова во преден план ги ставаат нивните игри и интереси!!!