Александар Сале Ѓорѓевиќ, екс селекторот на Србија, а сега тренер на Виртус Болоња, објави фотографија стара веројатно 42-43 години.

Тој е во друштво со двајца политички гиганти од седумдесетите години на минатиот век, Јосип Броз Тито, и Сандро Пертини, претседателите на екс -Југославија и Италија.

Се разбира дека оваа форографија наиде на голем број коментари, посебно во Италија, кои просто „полудеа“ од фактот дека тренерот на нивниот Виртус, бил така „ГОЛЕМА ФАЦА“ и кога имал не повеќе од 10 години. Да си бил со Тито и славниот Пертини, во нивно друштво, секако дека не е мала работа.