Шпанскиот шампион Барселона посака во своите редови да го донесе младиот играч за врска Сандро Тонали, но наиде на ѕид што го постави неговиот клуб Бреша. Тонали (19 години) имаше одлична сезона во дресот на Бреша, а избори и повик во репрезентацијата на Италија.

Тој има договор до летото 2021 година, а Бреша веќе има понуди за овој фудбалер. Сепак, прволигашот нема да го пушти за мали пари.

Барселона прашала за него, а Бреша одговорила дека сумата за овој играч изнесува 60 милиони евра што ги шокирало челниците на каталонскиот клуб кои се повлекле.  Интерес за овој 19-годишен фудбалер има и од Јувентус.