Членот на Евертон, Италијанецот Моисе Кеан е во центарот на вниманието откако беше обеоденета аферата за неговата домашна журка со топ модели и пријателки за време на карантинот.

Да биде трагедијата за Кеан поголема, на јавноста и се достапни снимки и слики од приватно видео кое било препраќани во приватна група, но ете истите стигнаа и до јавноста. На видеото се гледа како девојки лудо се забавуваат со Кеан и неговите пријатели во неговиот апартман.

„Евертон е згрозен од овој случај, настан, во кој нашиот првотимец ги игнорираше строгите мерки на владата и упатствата на клубот поврзани со коронавирусот. Кеан очигледно сметал дека овие правила не важат за него. Забавата траела саати. Фудбалерите не работат во моментов, а добиваат огромни примања, а тоа нормално дека дека ги разбеснува обичните граѓани кои губат работни места. Па зарем фудбалерите навистина мислат дека се нешто посебно и дека се над законот и правилата? – се вели во соопштението на клубот Евертон и најавува казна од 100.000 фунти за напаѓачот.

Кеан пристигна во Англија од Јувентус за 27 милиони евра но засега не ги оравдува очекувањата.