„Светло на крајот на тунелот“, вака италијанските медиуми ги најавија подобрите денови во својата земја, која е една од најпогодените со пандемијата коронавирус.

Во текот на вчерашниот ден бројката на починати лица падна на 260 лица, најмалку од почетокот на „Ковид-19“. Во Италија околу 27.000 луѓе ја изгубија битката, а речиси 200.000 беа заразени.

По паѓање на бројката, Владата на оваа земја одлучи да попушти со мерки и за следниот понеделник најави дека спортистите ќе можат да почнат со инидивидуални тренинзи. Во парковите сите ќе можат да вежбаат, секако доколку ги почитуваат задолжителните правила.

Доколку ситуацијата биде како што треба, клубовите за две недели, поточно на 18. мај ќе можат да почнат со тренинзи. Во една ваква ситуација за очекување е Серија А да продолжи на почетокот на јуни.