Гркот Стефанос Циципас реши на оригинален начин да му го честита 25. роденден на Ник Кирјос.

Циципас се сликаше со картонска табла на која го пишува ни помалку ни повеќе телефонскиот број на Кирјос, и притоа допиша, јавете ми се.

Нормално, веднаш илјадници фанови на Кирјос, го завртеа по што настана хаос за и онака слабиот на нерви Австралиец.

Потоа Кирјос му возврати на Циципас, „ти си тотален идиот, луѓе престанете да ми вртите“, но веќе беше доцна.