Иако минаа и повеќе од триесет години по она што се случуваше меѓу Мајкл Џордан и Ајзеа Томас, односно меѓу Чикаго и Детроит, очигледно е дека некои работи не се забораваат.

Па така Ајзеа Томас, еден од најдобрите бекови во 80-тите години од минатиот век, не смета дека „НАЈГОЛЕМИОТ“, нвистина е најголем во историјата.

„Не мислам дека Џордан е најдобар во историјата. Точно е дека во тоа време беше најдобар атлета, но ајде ставете ги Дурент и Леброн во тоа време, и, кој ќе биде најдобар? Оваа сегашна генерација на кошаркари во НБА не го добива тоа што заслужува. Јасно е дека Џордан беше голем атлета, но сега барем има десетина кошаркари со иста подготвеност. Тоа беа некои други времиња“.

Интересно е тоа што Ајзеа за Џордан говори само како атлета, веројатно се уште му е лут што поради Мајкл тој не играше на ОИ во Барселона 1992 и не беше дел од дрим -тимот на САД. Сепак треба да се знае дека при примопредавањето на круната во НБА, кога Детроит заминуваше од сцената а доаѓаше Чикаго, „пистонси“ на барање на Ајзеа не сакаа да им честитаат на „Булси“. Токму Ајзеа беше заговорникот на еден од најголемите скандали во историјата на НБА. 

Е, тоа, „НАЈГОЛЕМИОТ“ секако дека никогаш нема да му го прости.