Германскиот играч од средниот ред Оливер Крагл, верува дека тимот на Салцбург има толку пари, што може да го ангажира Кристијано Роналдо.

Компанијата за енергетски пијалоци „Ред Бул“ го купи австрискиот тим во 2005 година, а инвестира и во Њујорк и Лајпциг. Германскиот тим сезонава е кандидат за титулата, а го елиминираше Тотенхем и се пласираше во 1/4 финалето од ЛШ.

Крагл, кој сега игра за Беневенто, верува дека Салцбург може да го купи кој било играч, па дури и Кристијано Роналдо.

„Ред Бул Салцбург го принуди Ливерпул да даде се од себе на Енфилд, ремизираше со Наполи. Клубот ако сака може веднаш да го земе Роналдо. Мислам дека Салцбург би бил конкурентен дури и да игра во Германија“, рече Крагл.