Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за доделување на парични средства за екипите кои беа исклучени од учество во заврницата на годинешното издание на Лигата на шампионите и во машка и во женска конкуренција.

Клубовите кои имаа обезбедено пласман во осминафиналето на ЛШ, а нема да учествуваат ниту во оваа, ниту во следната четвртфинална фаза, ќе добијат вкупен износ од 250.000 евра како надокнада за загубената шанса да се борат за европската круна.

Исплатата на средства од по 25.000 евра по клуб стапува во сила и во Лигата на шампионите кај дамите за четирите клубови кои ја пропуштаат можноста да се квалификуваат за Ф4 турнирот во Будимпешта.

ЕХФ исто така донесе одлука и за играчите и нивното учество на декемвриските Ф4 турнири. Бидејќи еден играч не смее да игра за два различни клуба во текот на истата сезона, ЕХФ ја одобри иницијативата на Комисијата за натпревари дека играч може да игра на Ф4 турнирот за клубот за кого не настапувал во сезоната 2019/20.