Еден од најголемите наши фудбалери секако е Николче Новески. Денеска битолчанецот го слави својот 41-ви роденден. Дефанзивецот кој беше долги години столб во добраната на нашиот национален тим е една од најголемите фудбалски легенди на германскиот тим Мајнц.

Во овој славенички ден за Николче Новески се потсетуваме со една легендарна фотографија. Натпреварот кој се одигра во негова чест и на кој покрај бројните ѕвезди на Николче му се поклонија и неговите поранешни тренери Јирген Клоп и Томас Тухел.

Двајца врвни стратези од кои првиот е на клупата на Ливерпул а вториот на ПСЖ. Ретко кој наш фудбалер може да се пофали дека кога тој бил капитен на клупата седеле два вакви врвни тренерски имиња.

Николче Новески нека е среќен роденденот и доста беше одмор од богатата фудбалска кариера. Време е да му се вратиш на фудбалот што поскоро!