Фудбалерот на Крилја Советов, Јевгениј Фролов се најде во проблем откако јавно го критикувал претседателот на Русија, Владимир Путин.

Фролов во едно интервју остро го критикувал рускиот претседател за начинот на кој ја води битката против коронавирусот.

„Она што претседателот го кажува на телевизија, тоа се глупости“, рекол Фролов и ги критикувал сите институции.

Клубот веќе му подготвува казна, со оглед дека во Русија беше донесен закон со кој ќе биде казнет секој кој шири дезинформации за коронавирусот.