Иако неофицијално, сепак се чини одлучено е дека Првата лига на Србија ќе продолжи на крајот од идниот месец. Односно датумите се 23 или 30 мај. Се разбира дека ова се неофицијални информации, но јасно е дека ќе се игра без публика, а во овој период од месец дена ќе мора да се тестираат буквално сите фудбалери, сите оние лица кои ќе бидат во организација на еден натпревар.

Како што се говори, подготивките ќе стартуваат веднаш по првомајските празници, но за почеток тоа ќе бидат специјални тренинзи кои ќе се одвиваат по однапред утврдени прописи и правила.

Сепак на крај последен збор, за тоа дали првенството ќе продолжи на крајот од мај, или пак подоцна, или воопшто нема да продолжи, последниот збор ќе го имаат државните власти.