Министерот за спорт на Австрија, Вернер Коглер, рече дека не гледа причина владата на земјата да го забрани почетокот на Формула 1 на почетокот на јули, ако бидат исполнети потребните безбедносни услови. „Либерти Медиа“ планира да го започне овогодинешниот шампионат на патеката „Ред Бул Ринг“, а Австрија потврди дека е подготвена да биде домаќин на премиерната трка.

„Не гледам причина да ја забраниме трката ако се исполнат сите услови. Ние сакаме тоа да се случи. Ситуацијата е сосема различна од онаа во фудбалот, но императив е да се следат правилата за социјална дистанца“, изјави австрискиот министер.