Македонскиот репрезентативец Енис Барди во интервју за „Тетова Сот“, открива дека со нетрпение го очекува натпреварот со Косово и шансата за пласман на Македонија на ЕП.

„Со нетрпение го очекувам тој меч со Косово. Но сакам тоа да биде пред полни трибини во Скопје. Навивачите да уживаат во убав натпревар а ние да победиме и да го исполниме сонот и пласман на ЕП. Нема да биде лесно затоа што и Косово има добар тим. Ги гледав на неколку средби и можам да кажам дека се добри. Но кај нас е искуството, играме подолго време заедно и мислам дека тоа ќе биде пресудно за победа на Македонија.“

Дуелот со Косово е со посебни емоции за фудбалерот на Леванте

„Мојата мајка е од Косово а татко ми е од Македонија. Затоа овој меч е со посебни емоции за мене. Но, јас како и сите останати фудбалери сме професионалци и секогаш одиме на победа. Така ќе биде и против Косово. Ова е историски меч за двете селекции“, додава Барди.

За плановите за коронавирусот….

„Сега е најбитно здравјето на сите. Се бориме со оваа болест но еве имаме најави за старт на тренинзите во Шпанија. Сакам што поскоро да се вратиме на терен, на натпреварите.“.

За плановите!?

„Моите планови се поврзани со Леванте. Имаше интерес и најави од други клубови но сето тоа сега е во сенка со пандемијата и паузата„, открива Барди за кого во текот на оваа сезона голем интерес покажаа од Реал Сосиедад.