Голманот на Металург, Даниел Дупјачанец, и кружниот напаѓач, Милан Лазаревски, ги продолжија договорите со Металург.

И двајцата потпишаа нови едногодишни договори со Металург и им се приклучија на Мартин Серафимов, Иракли Кбилашвили, Маријан Мариќ, Лука Вујовиќ, Дарко Кондев, Стефан Додиќ и Михајло Младеновиќ, кои имаат валидни договори со нашиот клуб.

Милан Лазаревски и Даниел Дупјачанец ги продолжија своите договори и им се придружија на играчите кои имаат валидни договори. Во наредните денови ќе им бидат понудени нови договори и на некои од преостанатите ракометари чии договори истекуваат. На првиот тим ќе му се приклучат и најдобрите поединци од помладите категории, а во тек се и преговори со нови играчи, кои ќе ја засилат екипата за сезона 2020/21“, вели претседателката на Металург Зорица Блажевска.

Клубот во овој момент го напушти само Марио Танкоски, кој кариерата ќе ја продолжи во Еурофарм Пелистер.