Познатите спортисти Кирил Лазаров, Елиф Елмас,  Никола Ѓорѓиев, Борко Ристовски, Бобан Николов се приклучија на кампањата за поддршка на медицинските лица во борбата против коронавирусот.

Тие на видеото со аплауз дадоа поддршка на персоналот кој се бори против Ковид-19. На видеото покрај овие тројца спортисти се најдоа и многу познати пејачи, пејачки, водители и водителки од нашата земја.