Поранешната ракометарка на Кометал ЃП и екс-репрезентативка на Македонија Марина Наукович Ламбевска за „sports.ru“ зборуваше за својата кариера како ракометарка и се осврна на периодот од 2006 до 2008 година кога играше за Кометал ЃП, како и за македонската репрезентација.

Искрено не сакав да си одам од Подравка, но имав потпишано преддоговор со Кометал Ѓорче Петров. Бев подготвена да им ги вратам парите на Македонците за да останам во Хрватска, но тие не се согласија. Набрзо по моето доаѓање, Кометал остана без спонзор и се распадна. Во клубот играа ракометарки од Русија и од Украина и се беше нормално и еден ден ни кажаа дека спонзорот заминува. Во екипата останаа само домашните ракометарки“, вели Наукович.

Русинката беше натурализирана и играше за репрезентацијата на Македонија и објаснува дека странците не биле пријателски прифатени.

Тогашниот селектор на Русија Трефилов не повикуваше ракометарки од руското првенство, па така се решив да заиграм за Македонија. Но, тоа не беше лесно. Домашните ракометарки сметаа дека странските играчи им ги земаат местата, па имаше конфликти. Таков е македонскиот менталитет, мислат дека се најдобри во се, а странците не ги сакаат. Според мене мора да се има потполно разбирање и соработка за да се победува. А тие в лице ти кажуваат убави работи, а во исто време ти забиваат нож во грбот“, раскажува Наукович која откако се омажи во Македонија го придодаде и презимето Ламбевска, но набргу се разведе и се врати во Русија каде што и работи како тренер на  млади ракометарки.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ТУКА