Владата на Франција одлучи да ја продолжи забраната за спортски активности до август што значи дека е ставен крај на актуелната фудбалска сезона во Лига 1. Ќе нема повеќе фудбалски натпревари, па на шампионот ПСЖ му останува уште да ги одигра натпреварите во Лигата на шампионите за кои УЕФА се надева дека ќе успее да го заврши во текот на август. Ако француската Влада во меѓувреме не смени нешто или ако ја продолжи забраната, ПСЖ ќе ги игра домашните натпревари од елитното европско клупско натпреварување надвор од Франција.

Ја почитуваме одлуката на француската влада. Нашиот план е да го продолжиме натпреварувањето во Лигата на шампионите согласност со УЕФА. Ако не можеме да играме во Франција, ќе играме во странство, таму каде што ќе имаме најдобри услови за нашите играчи и каде што нашите луѓе ќе бидат сигурни“, изјави првиот човек на ПСЖ, Насер ал-Келаифи.

ПСЖ се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите пред пандемијата да го прекине фудбалот.