СЕХА-лига се надева дека услови за одигрување на завршница ќе има веќе во септември.

Доколку екипите почнат со тренинзи на почеток на јули ќе имаат доволно време да се подготват.

На Вардар му остана уште еден меч до Ф4, реваншот со Нексе на домашен терен.

“Доколку екипите почнат со тренинзи на 1 или 15 јули мораме да им оставиме простор да се подготват. Затоа одлучивме да биде првиот викенд во септември, не е реално да се игра во јули и август бидејќи е премногу топло. Планот кој го имаме е во септември кога вообичаено започнува СЕХА лигата да се одиграат заостанатите натпревари, следниот викенд да се одигра и фајнал форот пред почетокот на новата сезона“, изјави Синиша Остојиќ, директор на СЕХА лигата.