Филип Талески, еден од нашите најдобри ракометари, не е веќе член на Балинген. Германскиот клуб денеска и официјално објави дека Македонецот не е веќе нивни член и дека нема да се продолжи соработката.

Левиот бек на нашата репрезентација во Балинген мина само неколку месеци, тој дојде од Рајн Некар Левен, во потрага по поголема минутажа, но проблемите со Ковид-19, го спречија нашиот ракометар да одигра повеќе натпревари.

“Сакаме да му се заблагодариме на Филип за неговата посветеност на нашиот клуб. Договорот завршува во јуни и истиот нема да биде продолжен“ истакнаа од Балинген.

Сега Талески ќе мора да си побара нова средина. Прашање е дали ќе се врати во Македонија, и ако се врати во кој клуб. Да потсетиме дека Филип Талески во таа 2017 година од Металург замина во РНЛ.