Sвездата на Монако, Цеск Фабрегас, објави дека неговата прабаба ја доби битката со коронавирусот на 95-годишна возраст.

Претходно овој месец, играчот од средниот ред изјави дека неговата прабаба е заразена со вирусот, заедно со 70% од оние во нејзиниот дом за стари лица во Барселона.

Сепак, поранешната ѕвезда на Арсенал и Челзи денеска со радост потврди дека неговата прабаба е излекувана.

„Таа го победи коронавирусот на 95-годишна возраст“, ​​напиша Фабрегас на Твитер.

„Мојата баба е супер-хероина, но ништо од ова не ќе беше можно, да не беше помошта на медицинските сестри и докторите кои ги даваат своите животи во секој момент, за да можеме сите да бидеме подобри и да живееме малку подобро во овие тешки времиња“.