Болницата „8-ми Септември“ им се заблагодари на фудбалските репрезентативци на Македонија кои донираа медицинска опрема за помош во борбата со опасниот коронавирус. Репрезентативците донираа уште и за Клиниката за инфективни болести во Скопје.

„Од Инстаграм дознавме дека анонимната донација која ја добивме била од нашите сограѓани пријатели, донатори помагаат во овие тешки времиња, кога се бориме со Covid – 19 падемијата. Голема благодарност до иницијативата која ја почнал Стефан Ристовски и неговите другари соиграчи во А репрезентацијата на РСМ. Ве чекаме и се гледаме на стадион во подобри времиња“, соопштија од скопската болница.