Продолжението на сезоната во Бундес-лигата нема да биде на 9. мај, пишуваат тамошните медиуми. На последниот состанок на федерацијата со државниот врв на оваа земја е одлучено стартот да биде презакажан за една недела.

Ова значи дека Бундес-лига ќе гледаме најрано на 16. мај. Клубовите за задача ќе имаат да ги тестираат фудбалерите, за ова ќе бидат потребни 20.000 тестови.

Причината за одложувањето е неочекуваниот раст на заболени од коронавирус, откако тамошната Влада одлучи да попушти мерките, односно ги отворија училиштата, продавниците и црквите.