Денеска се навршуваат 15 години од првата шампионска титула, која Жозе Мурињо ја освои со Челзи во Премиер лигата. Тоа се случи, кога Челзи го победи Болтон со 2:0 во 2005 година. Потоа „посебниот“ уште два пати ја освојуваше титулата во Англија (со Челзи), не успеа со Манчестер Јунајтед, а сега е тренер во Тотенхем.

Веќе работам на освојување на четвртата титула во Премиер лигата. Веќе имам три и се спреман за уште една“, вели Мурињо.

Фудбалот ми недостасува. Но не само на мене, сигурен сум дека и на цел свет му недостасува фудбалот. Треба да бидеме внимателни во овие моменти, ова е битка во која сите учествуваме. Ако ги доиграме натпреварите оваа сезона тоа би било одлично и за фудбалот и за Премиер лигата. Не сакам да помислам во иднина фудбал зад затворени врати. “, вели меѓу другото Португалецот за „Скај спортс“.