Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, овие денови на пандемија коронавирус ги минува во Нант заедно со своето семејство.

Македонија пред скоро време доби лоша вест, без битка беше елиминирана од СП 2021 кое ќе се одржи во Египет. Лазаров верува дека позитивната традиција на учества на големите натпреварувања ќе продолжи, една од вајлд-картите ќе биде доделена токму на Македонија.

„Треба да ја разбереме одлуката на надлежните од ИХФ и да ја прифатиме со оглед на целата ситуација. Нашата репрезентација во последната деценија е препознатлива по многу работи во европскиот и во светскиот ракомет. Можеме да наброиме многу работи со кои треба да се гордееме. Искрено, очекувам да добиеме вајлд-карта затоа што доколку постојат такви покани, ние сме во првите редови со квалитетно сиви за да ја добиеме“, рече за „факултети.мк“, Лазаров, кој наскоро ќе наполни 40 години.