Во меѓувреме додека се очекува конечната одлука на Управниот одбор за крајот на сезоната се огласи легендата на македонската кошарка, Лазар Лечиќ.

Се чуди зошто МЗТ Скопје сака без борба да ја добие титула.

Ова е навистина еден чувствителен момент во кој многу повеќе внимание мора да обрнеме на здравјето, на безбедноста, иако не смееме да ги заборавиме оние секојдневни активности. А кога сум јас во прашање нели, пред се, кошаркарските“- вели Лечиќ. „Слушам, гледам полемики околу тоа дали треба да се прогласи шампион, или пак сезоната да биде поништена. И сум навистина разочаран како сето тоа е прикажано во јавноста. Наместо да зборуваме за работи со кои треба да одиме напред, ние го правиме спротивното. Лично сметам, и се чудам, зошто раководството на МЗТ Скопје, упорно инсистира да им биде доделена шампионската титула? Што ќе добијат со едно такво, службено прогласување за шампиони? Дали е тоа задоволување на нечии интереси, пред се навивачките, би рекол. Навистина и не гледам друг интерес, освен за да се каже дека биле најдобри во сезоната во која не одиграле ни половина од предвидените натпревари, а оние кои ги добиле ги реализирале со голем број на странски кошаркари. Кому му е потребна титула ‘освоена’ на зелена маса?”, изјави за КФСМ, Лечиќ.