Министерот за Спорт Винченцо Спадафора ги предупреди сите клубови дека ако нема сериозен безбедносен протокол, Владата веднаш ќе прогласи за крај на сезоната во Серија А и Серија Б. Сегашниот протоколот поднесен од Фудбалската федерација на Италија вклучува изолирање на играчи, редовно земање на брисеви, ако е потребно и крв, за тестови на КОВИД-19, дезинфекција на стадионите, клупите, столчињата, соблекувалните на стадионите како и ограничување на луѓе на стадионите, според, Владата не се доволни.

Таква е ситуацијата. Ако се направи сериозен протокол и истиот го прифатат сите страни, тренинзите ќе продолжат и тоа ќе значи и можност сезоната да продолжи. Ако барем еден клуб се спротистави, Владата ќе донесе одлука да ја прекине сезоната во Серија А. Во крајна сметка ние сме одговорни за здравјето на фудбалските работници“, изјави Спадафора.

Во Италија се чудат на ваквата изјава  на Спадафора наведувајќи го моделот од Англија кој е многу поблаг во споредба со оние на Апенините. На пример во Италија од клубовите се бараат секојдневни тестови на играчите во првата недела, а потоа по еднаш неделно. Во Англија предлагаат само еден тест и тоа 48 часа пред групниот тренинг. Сите други мерки се идентични.

Вчера претседателот на ФИГЦ Габриеле Гравина изјави дека никогаш не би се согласил за крај на сезоната затоа што тоа би било „смрт за фудбалот во Италија“. Имаше информации за почеток на тренинзи на 4 мај, но истите се одложени за 18 мај и тоа ги нервира клубовите.