Пополнувањето на ростерот за следната сезона во битолски Еурофарм Пелистер и натаму продолжува со засилено темпо. Денеска битолчани обезбедија уште едно ново име.

Станува збор за 20-годишниот хрватски младински репрезентативец Матео Мараш. Тој денеска се договори со Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе го носи дресот на битолскиот клуб.

Мараш има одлични физички предиспозиции, висок е 202 сантиметри, тежок 101 килограм, а во Битола ќе дојде од екипата на Балиќ Метличиќ од Сплит. Мараш настапи на последното Светско првенство за кадети во Скопје, а паралелно игра во младинските конкуренции во Хрватска, како и во првата лига.