Екипата на Баерн Минхен одлучи да му даде доверба на Ханси Флик и да потпише договор со тренерот до 2023 година.

Флик беше помошник на Нико Ковач, кој доби отказ на 3 ноевмри и оттогаш Флик и го водеше тимот, а сега и официјално ја презима функцијата до 2023 година.

Директорот на БАерн, Карл Хајнц Румениге беше исклучително задоволен од развојот на настаните и е сигурен дека со Флик на клупата ќе има големи успеси.

„Презадоволни сме од работата на Флик. Екипата добро се развива под негова контрола и играме дошадлив фудбал“, вели Румениге.