Тренерот на турскиот Анадолу Ефес Ергин Атаман ги отфрли информациите, дека клубот му предложил нов договор на ѕвездата Шејн Ларкин во вредност од 7,7 милиони евра. Тој вели дека единствен начин Американецот да го напушти Ефес е ако добие убава понуда од НБА.

Пред да почне карантинот тој разговараше со раководството на клубот и беа блиску до договор за нова соработка, а не знам дали потпишал нешто или не. Единствениот начин Ларкин да го напушти Ефес е да му биде предложен договор од НБА екипа и тоа да има значајна улога. Информациите за годишна плата од 7,7 милиони евра не се точни. Се разбира дека тој заслужува богат договор затоа што тој е ни е најдобриот играч, но колку што знам тој износ не е вистина“, изјави Атаман.