Португалскиот дефанзивец од екипата на Барселона, Нелсон Семедо на крајот на сезоната ќе се пресели во Манчестер Сити, а во замена за него на „Камп Ноу“ треба да пристигне неговиот сонародник, Жоао Кансело.

Преговорите меѓу клубовите се во завршна фаза, а договорот ќе биде затворен во наредните денови. Шпанците сакаат да добијат 45 милиони евра за Семедо, но се согласуваат и на размена.

Нелсон Семедо се пресели во Барселона од португалска „Бенфика“ летото 2017 година за 30 милиони евра. Во актуелниот шампионат на Шпанија, прекинат поради пандемијата на коронавирусот, тој одигра 21 натпревар за Каталонците и доби еден жолт картон. Кансело, пак, се пресели во Сити од Јувентус и има 11 натпревари во досегашната сезона на англиската Премиер лига.