Горан Пандев на својот профил на „Инстаграм“ се приклучи на акцијата во која многумина фудбалери даваат нивните најдраги дресови со нивен потпис на аукција, и парите ќе ги донираат во болници кои се борат против коронавирусот.

Пандев се реши да го даде својот дрес од 100-тиот настап во националниот тим против Летонија, и парите да ги донира во болницата „8-ми Септември“ во Скопје.

„Ова е мојот дрес од националниот тим на мечот Македонија – Летонија. Тоа за мене беше 100-ти натпревар во репрезентацијата“, вели Пандев.

Тој се приклучи на оваа кампања, во која учествуваат многу познати фудбалери кои ги донираат своите драги дресови.  Кампањата беше организирана од фудбалерот Папу Гомез од Аталанта.

На акцијата се приклучија и Пауло Дибала, Андрес Иниеста, Дани Алвеш, Фалкао, Мората, Коста, Виери, Маркизио, Кјелини, Ван Дијк и многу други фудбалери…