Моментално водечката селекција на ФИФА листата Белгија, го задржа својот селектор Роберто Мартинез до 2022 година, откако се реши да му го продолжи договорот.

Белгиските медиуми пишуваат дека Мартинез ќе ја предводи селекцијата на СП во Катар. Претходниот договор на Мартинез истекуваше после ЕП кое требаше да се одржи оваа година, но поради коронавирусот е поместено за идната. Белгија на ЕП е во група со Данска, Финска и Русија.

Белгија заврши како третопласирана селекција на СП 2018 година во Русија.