АБА-лига пред петнаесетина дена на својата официјална страница им даде задача на навивачите да го креираат својот „Дрим тим“ во клубот кој што го поддржуваат.

Во изборот се најдоа кошаркарите кои настапиле за Будуќност, Цедевита Олимпија, Цибона, Црвена Звезда, ФМП, Игокеа, Копер, Крка, Мега Бемакс, Морнар, Партизан и Задар. Меѓу играчите беа и, а од нив двајца го заслужија местото во идеалните постави на белградски Партизан и хрватски Задар.

Лестер Бо Мекејлеб  кој настапуваше за Партизан од 2009-2010 е избран за член на идеалната петорка на „црно-белите“, додека Тоше Гечевски кој е вистинска клупска легенда на Задар, несомнено се најде во идеалната петорка на хрватскиот клуб. Гечевски беше дел од Задар од 2004 до 2009 година.

Перо Антиќ, кој беше дел од Црвена Звезда од 2005-2007 и од 2017-2018, Предраг Самарџиски (ФМП, Црвена Звезда и Мега Б.) и Владо Илиевски (Цедевита Олимпија, Цибона) не се најдоа во најтесниот избор на „идеалните петорки“ на своите екс-тимови.