Македонскиот репрезентативец Бобан Николов може да ја продолжи кариерата во Џенова, откри самиот фудбалер во онлајн разговор со колегата од репрезентацијата Илија Несторовски. Николов е поранешен играч на Вардар, а сега е член на унгарски Фехервар или поранешен Видеотон.

Чекам Пандев да заврши работа за Џенова“, рече Николов во разговорот со Несторовски на Инстаграм и додаде:

Нема кој да му асистира на капитенот“, додаде играчот за врска.

Исто така штипјанецот откри дека го учи и италијанскиот јазик што значи дека трансферот во Италија можно е да се случи уште ова лето. Инаку тој има договор со унгарскиот тим уште една година. Инаку претходно Николов беше поврзуван и со Бреша, но Фехервар не го пушти за 1 милион евра.

ПРЕКИН НА ПРВЕНСТВОТО Е НАЈДОБРА ОПЦИЈА

А во разговорот со Несторовски, Николов исто така откри каков е планот за продолжување на фудбалот во Унгарија.

Според мене подобро да се прекине првенството. Која е убавината да постигнеш гол, а да не можеш да го прославиш со соиграчите и навивачите. Се е забрането. Во понеделник почнуваме со групни тренинзи, имаме строги правила, нема туширање, дресовите само ќе си ги переме. Чекаме само потврда од клубот“, вели Николов.

Што се однесува до омилената навивачка група, Боби изјави дека тоа се „Комити“.