Германскиот министер за внатрешни , Хорст Зехофер го одобри планот за продолжување на натпреварите во Бундеслигата подоцна овој месец. Зехофер,  во чиј ресор влегува и спортот, рече дека е можно да се започне првенството овој месец, но само во строга согласност со здравствените правила.

„Ако има случај на коронавирус во тимот, тогаш целиот клуб и ривалот мора да бидат ставени во карантин“, изјави Зехофер за „Билд“.

Германската фудбалска лига планира да ги продолжи натпреварите во Бундеслигата, но зад затворени врати и строги мерки. Ќе се спроведат редовни тестови на играчите и вработените во клубовите, пред да излезат на мегдан.

Клубовите се надеваат дека владата ќе даде зелено светло за планот на состанокот закажан за в среда.