Пишува: Зоран Ѓоршоски

Како „бомба“ одекна веста од Италија дека титулата на Јуве од сезоната 2017/2018 и не е баш така „чиста“. А која ли била пак чиста? Се разбира дека ова е став на авторот на овој текст.

Имено некогашниот јавен обвинител Џузепе Пекораро, ја шокираше јавноста за тоа што се случило на средбата меѓу Интер и Јуве пред две години, клучен меч за Јуве, а не Наполи, да биде освојувач на Скудетото. Да се „загубат“ онака клучните докази од ВАР собата, е тоа е премногу.

Па добро, има ли некој скандал во Италија (мислиме тука на фудбалот), а во него да не е вмешан Јувентус? И тоа секогаш во негова  корист.

Изгледа дека нема. Јуве мора, мора по секоја цена да победува, а најчесто на крајно нефер начин. Има барем „милион“ примери, и се чини дека време за Калчополи-2, но сега клубот од Торино треба да биде подрастично казнет, а не како што беше во таа 2006 година. На некого памет не му доаѓа, тоа му е во генот, на (не)чесен начин да доаѓа до титулите, А колку вкупно ги има? Па никој не знае, уште малку ќе направат сите титули во историјата на Серија А да бидат впишани само на Јуве.

Или е време за бунт, нешо слично како што направија фановите на Парма пред 20 години кога буквално ја окупираа зградата на Фудбалската федерација на  Италија, за да си дојдат до своите права, и тоа им успеа. Е во таа сезона Јуве не беше шампион. Изгледа дека само така треба со оние кои долго си поигруваат со нервите на клубовите во Серија А, со фановите во Италија кои се Анти-Јуве, а и на сите оние низ светот што навистина се фрапирани што навистина се случува на „чизмата“.

Еееј, на јавниот обвинител да не му се дадат доказите, едноставно да се уништат. Која ли е таа невидлива сила која секогаш е за Јуве, и тоа години, децении наназад,која секогаш е тука на клубот од Торино да му помогне да дојде до целта.

Замислете што ќе беше ако ова се случеше во Германија, Англија, или во Скандинавија на пример…

Зарем нема некој во таа Италија да каже – „BASTA“…и ајде веќе да играме фудбал, како што доликува.